ДОБРЕДОЈДОВТЕ НА ВЕБ СТРАНИЦАТА НА АКТИВА
ЗАПОЗНАЈТЕ ЈА НАШАТА КОМПАНИЈА

”AKТИВA” ДOO Штип , Република Македонија, e една од водечките реномирани компании со висока репутација и непобитен легитимитет вo сегментот на металската индустрија, опфаќајки ги услугите за проектирање, надзор и изведба на секаков тип на градби. Компанијата е основана во 1999 година. Започнувајќи со мини технологија и неколку вработени, во текот на своето интензивно работење прилагодувајќи се на современите динамични текови за постигнување на понатамошен развој и потребите на пазарот, остварува силен подем и прераснува во врвен производствен капацитет во металската индустрија, вклучувајќи ги сите елементи на занаетско-завршни работи, како и производство на дел од потребната процесна технолошка опрема. Добро позиционирана, во срцето на индустрискиот регион во Штип, како приватна компанија, прва започнува да функционира во овој дел од металската индустрија, односно во изведбата на комерцијални и деловни објекти. Опремена со работен погон од највисоки стандарди и наменски изградени канцеларии, со целосна инженерска покриеност, уште од самиoт почеток, комплетно е фокусирана кон принципот за квалитет на производите и навјвисоко ниво на почитување кон партнерите и клиентите , нешто кое што придонесе, и покрај силната конкуренција, “АКТИВА” да се одржи како лидер на пазарот.


”AKТИВA” ДOO Штип како врвна градежна компанија и сериозен деловен ентитет ,располага со современо обучен респектиран менаџмент и кадар со највисок степен на компетентност,стручност и интегритет, квалитетен инженерски тим, како и обучени извршители со соодветни квалификации потребни за сите фази при работата. Нашата дејност се базира врз темелните вредности и принципите на менаџментот на компанијата при што, како носечки фази во делокругот на нашата работа се појавуваат: производство и монтажа на секаков вид челични конструкции; покривачки, фасадерски и лимарски работи со панелни системи, профилирани или пластифицирани лимови; инсталации за греење, ладење и климатизација; електрични инсталации и автоматизација; инсталации за водовод и канализација; изведба на хоризонтални и вертикални резервоари за потребни намени; производство на процесна технолошка опрема за индустријата, рафинерии за масло, складови и манипулација со горива и комплет инженеринг услуги.

Во својот производен програм “АКТИВА” го има и целокупниот асортиман на метални носачи на кабли и додатни спојни елементи за потребите при изведба на електрични инсталации. Високата позиција ја оправдуваме со константно и континуирано подобрување и усовршување на квалитетот на производството во целина, пред се со набавката на квалитетни суровини и уште повеќе преку конзистентно инсталирање на најсовремена опрема и следење на светските трендови во оваа област, што за компанијата резултира во огромна придобивка, односно располагање со завиден производствен капацитет, широк дијапазон на машински парк, сопствени авто-кранови и сопствен возен парк.

Задоволството на нашите клиенти е клучен приоритет и претставува девиза која не предводи на вистинскиот пат!

 
free counters